Градоначалникот во заминување Шилегов кога говори за срам, нека тргне од себе, па човекот 4 години е во фотелја, а нема ниту ужинки кои им ги вети на децата во програма, вака реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов во дневникот на ТВ Сител.
Според нив, Шилегов 4 години еден инфраструктурен проект нема направено и сега пред избори само им замачкува очи на скопјани.
-Ниту оправдувањето за непродолжувањето на булевар Илинден не му држи вода, затоа што владата на чело со неговиот пријател Заев ја задолжи државата за нови 3 милијарди евра, а никој не знае на што се потрошени. И ако имало пари за се само не за проекти, тоа не е оправдување, туку за тоа треба да се одговара. Шилегов вечерва пред се покажа дека нема што да им понуди на скопјани. Тоа е Петре Шилегов е стариот истрошен лик кој на 17-ти октомври станува минато, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Шилегов вечерва изјави Даниела Арсовска не е независна кандидатка за градоначалничка, туку ќе биде поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.
-Таа се срами од партијата. Ако е независна, која е листата на независни советници? Тие што се кријат како независни, ја убиваат граѓанската иницијатива и се уништува невладиниот сектор. Ми пречи тоа. ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш објавувал „независни“ кандидати, како Иванов, Силјановска-Давкова и Љубиша Георгиевски и после тоа тие т.н. независни стануваат најревносни партиски послушници. Најголемата опозициска партија се срами се да излезе пред скопјани во оваа ситуација, потенцира Шилегов.