ДЗР со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на ААВМУ

од Vladimir Zorba
222 прегледи

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на сметката за редовно работење за 2020 година, заедно со ревизија на усогласеност.

Со извршената ревизија за 2020 година изразивме мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики.

Извршена е ревизија на Советот за радиодифузија за 2010 година како правен претходник на Агенцијата, при што не е изразено мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи, додека за усогласеност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики изразено е неповолно мислење. Не е извршена ревизија на спроведување на препораките презентирани во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2010 година, од причина што од последната ревизија на Советот за радиодифузија како правен претходник на Агенцијата изминат е подолг временски период и настанати се промени во законската регулатива со која е уредено неговото работење, велат од ДЗР.

Со извршената ревизија се констатиравме следните состојби:

– несоодветна примена на законските одредби со кои се уредува правото на плата и

– при спроведување на пописот на средствата и изворите на средства не се во целост извршени постапките предвидени со законските и подзаконските акти.

За утврдените неправилности дадени се препораки до одговорните лица во Агенцијата со цел преземање мерки за надминување на состојбите.

Слични содржини