ЗА ЕДНА НЕДЕЛА 54 лица повторно се заразиле со ковид 19

од Берта Китинска
171 прегледи

Според анализите на Институтот за јавно здравје за неделната епидемиолошка состојба во државата, во период од една седмица детектирани се 54 лица кои веќе биле позитивни на ковид-19, а сега повторно се заразиле со вирусот, известуваат од Министерството за здравство (МЗ).

– Ако се анализира состојбата од почетокот на пандемијата, заклучно со 22 август 2021 година, во земјата се детектирани 351 случај на повторно заразување со вирусот. Укажуваме на важноста од вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на Сарс-Ков-2, информираа  од Министерството за здравство.

 

Слични содржини