Зошто половина од граѓаните на Македонија не сакаат да се вакцинираат?

од desk4
599 прегледи

Македонските граѓани се поделија на половина и околу пандемијата. Првите сметаат дека вакцинацијата е единствената опција за да не се заразите или пак доколку ви се случи, полесно да ја поминете болеста. Втората половина не верува во вакцинте и смета дека Ковид 19 не постои. Токму за оваа група на граѓани „Локално“ разговараше со епидемиологот др. Никола Пановски. Тој вели дека има повеќе причини зошто граѓаните на Македонија не сакаат да се вакцинираат.

-Прво, антиваксерското движење на Балканот, особено во Македонија е многу проширено а тоа е само затоа што граѓаните имаат голема недовербата во институциите. Второ, не тербаше да се дозволи присуство на луѓе во медиумите кои што немаат никаква врска со науката. И трето, влијание има и бавноста во вакцинирањето на луѓето, но и тоа што болеста е релативно нова и релативно опасна. Вакцинацијата на децата нема да помогне во создавање на колективен имунитет. Децата се релативно безбедни од ковид и затоа одзивот за вакцинација кај оваа популација е толку слаб. Јас на дете до 15 години не би му дал да се вакцинира, бидејќи ковидот го имаме 20 месеци, а само 4 месеци имаме искуство од вакцинирањето на деца. Можеби за ризични групи на деца да, но не и за другите, вели Пановски.

Тој порачува дека македонските граѓани исто како и граѓаните од другите земји, не сака присилна вакцинација.

-Да беше толку многу опасно за здравјето на децата сите родители ќе ги вацинираа. Но, ова не е смротносна болест за младата популација, како што се другите зарази против кои ги вакцинрааме нашите најмали. Младите не сакаат да се вакцинираат бидејќи се покажа дека вакцините не се тоа што се очекуваше да бидат, а најдобар доказ за тоа се податоците кои секојдневно пристигаат од Израел. Јас на дете до 15 години не би му дал да се вакцинира, бидејќи ковидот го имаме 20 месеци, а само 4 месеци имаме искуство од вакцинирањето на деца. Можеби за ризични групи на деца да, но не и за другите. Затоа ги разберам што не сакаат да се вакцинираат, но не ги разбирам возрасните луѓе со хорнични болести. Се надам дека нивнот број ќе биде се помал, истакнува епидемиологот.

Неодамна Министерството за здравство, информираше дека иако делта варијантата најмногу циркулира меѓу младите, во Македонија само десетина проценти од младите од 18 до 24 години се вакцинирани. Кај популацијата до 40 години вакцинацијата расте и таа изнесува 20 %. Стапките на вакцинирани кај повозрасните старосни групи над 50 години надминуваат 50 проценти, кај возрасните над 70 години достигнува и до 70%.

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче ја промовираа кампањата „Вакцинирај се“ чија цел е подигање свеста за вакцинација. Министерот за здравство Венко Филипче постојано апелира дека токму младите граѓани треба да се имунизираат и заштитат од опасниот вирус.

Инаку според анализите на Минстерството за здравство смртноста кај невакцинираните е драстично поголема. Во изминатите две недели на територија на државата починало 101 лице, 92 пациента од починатите не биле вакцинирани, а само девет лица, односно осум проценти, примиле вакцина. Оттука МЗ смета дека вакцината штити од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход.

Б.Т.