Делта варијантата на коронавирус го удвојува ризикот од хоспитализација со Ковид во споредба со претходно доминантната Алфа варијанта, откри нова студија.
Анализата, базирана на податоци собрани во Англија, сугерира дека појавите на Делта, најверојатно, ќе направат дополнителен притисок врз здравствените услуги, особено на места со ниски стапки на вакцинација.
Делта веќе е прогласена за многу позаразна од претходниот доминантен вид – Алфа, која првично беше пронајдена во Кент. Оваа анализа ја истакнува способноста на Делта да ги „хоспитализира“ заразените лица, особено невакцинираните, пренесе „Гардијан“.
Во студијата, истражувачите анализираа здравствени податоци од 43.338 случаи на „Ковид-19“ во Англија помеѓу 29 март и 23 мај 2021 година. Само 1,8% од случаите ги примиле двете дози на вакцина, 24% биле вакцинирани еднаш и 74% биле невакцинирани.
По земањето предвид на клучните фактори како што се возраста, етничката припадност и статусот на вакцинација, истражувачите откриле дека ризикот од хоспитализација на пациенти со Делта сортата е двојно поголем од ризикот од варијантата Алфа, се вели во трудот објавен во „Лансет“.