245
Денеска е Ден на рударите, ден кога со посебно и достојно внимание им оддаваме почит на трудот и макотрпната работа на нашите работници во рударскиот сектор, напиша премиерот Зоран Заев на својот фб.
„Рударството е еден од главните двигатели на нашата економија. Со преку 100 активни рудници, заедно со придружните дејности што го опслужуваат, овој сектор вработува околу 10.000 луѓе и учествува со нешто повеќе од 10% во вкупното индустриско производство на Република Северна Македонија.
Во име на почитта и признанието за тешката работа на рударите, оваа Влада го исполни нивното долгогодишно барање за намалување на старосната граница за пензионирање и исправи една голема неправда. Со измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, сега рударите наместо на 58, правото на пензија можат да го остварат на 50 години“, напиша Заев на фб.
Тој уште напиша дека Владата ќе продолжи да работи на унапредување и развој на рударскиот сектор кој учествува како важен сегмент во напорите да изградиме силна економија којашто ќе отвора шанси за сите!
Нека е честит и вековит 28 август, Денот на рударите! стои во честитката на премиерот Заев.