337
Заклучно со вчерашниот ден, вкупно 7909 лица се провериле во избирачкиот список, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Поднесени се вкупно 17 барања за запишување во избирачкиот список, 12 барања за бришење на податоците од избирачкиот список и осум барања за измена на податоците во избирачкиот список.
Исто така, Државната изборна комисија информира дека на нивната мејл адреса „[email protected]“ се поднесени вкупно 23 барања.
Постапката за јавен увид во Избирачкиот список за локалните избори закажани за 17 октомври ќе трае до 9 септември.