Независната Данела Арсовска и официјално ја доби поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за иден градоначалник на Скопје

од desk4
314 прегледи

 

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за градоначалник на Град Скопје да ја поддржи кандидатката Данела Арсовска рече партискиот лидер Христијан Мицкоски. Според Мицкоски Арсовска е личност со импозантна биографија зад себе, со докажани и признаени успеси во стопанството, жена која го предводи Сојузот на стопански комори на Македонија.
-Работи како меѓународен експерт кој ги креира политиките за интегритет за лидерите на земјите на Г20, тоа се најсилните економии на светот. Дел во раководството на Светската федерација на комори како единствен форум кој раководи со повеќе од 12.700 стопански комори од целиот свет. Само 4 жени во светот се носители на таа функција. Прогласена за најдобар женски пример во деловниот свет за Југоисточна Европа. Професионалци и компетентни луѓе со докажан квалитет и резултати зад себе е потребно е да ги преземат работите кои се важни за вашите животи. Затоа што времето за сите одминува, вели Мицкоски.

Според опозицискиот лидер Градот Скопје после четири години власт на СДСМ, доживува сериозна стагнација.
-Клучните ветувања за капитални проекти кои ќе го подобрат живеењето на скопјани не се реализираат. Нема ниту еден значаен капитален проект од актуелната управа во градот кој е започнат, изграден, а потоа реализиран. Ако оправдувањето на власта е дека имало недостаток на средства за нови капитални проекти, тогаш одговорот е дека тоа не е точно затоа што за повеќе од 4 години потрошени се 4 буџети на градот Скопје од вредност е над 400 милиони евра.
Мицкоски рече дека Арсовска е решение кое надпартиски ќе ги обедини граѓаните на метрополата .