Кадарот на бегалецот Никола Груевски, независната Даниела Арсовска, е уште една потврда дека и во ВМРО-ДПМНЕ знаат дека на претстојните локални избори ги чека уште еден пораз, пишува во партиското соопштение на СДСМ.
Според партијата на Заев Арсовска е избор на почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
-Независната кандидатура на Даниела Арсовска, кадарот на бегалецот Никола Груевски, е уште една потврда дека и во ВМРО-ДПМНЕ знаат дека на претстојните локални избори ги чека уште еден пораз. Таа е избрана само да го понесе поразот во Скопје. Наместо кандидатура со печат на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска ќе се обиде да глуми наводна независност, ама со потписите на партиските членови на ВМРО ДПМНЕ. Како и да ги пакува партиските кандидати Мицкоски не може да ја избегне казната што граѓаните ќе му ја испорачаат бидејќи упорно ги потценува и се обидува да ги прелаже со веќе видени трикови, пишува во соопштението на СДСМ.
СДСМ посочува дека после 27 годишно уништување на Скопје од страна на ВМРО ДПМНЕ не проаѓа глумењето кандидати, ниту пак потценувањето на скопјани.
-Јасно е, Петре Шилегов со својот резултат и сработеното во Скопје е најдобрата понуда за скопјани и сигурен победник на изборите!, стои во партиското соопштение.