Карпош избриша 4 маркици за згради за два нови паркови и објект за државни институции

од Берта Китинска
293 прегледи

Општина Карпош избриша четири маркици за згради на државно земјиште во Деталниот урбанистички план за Градска четврт З 06, Блок З 06.09 (делот околу гимназијата „Здравко Цветковски“), кој денеска е на Дневен ред на седницата на Совет.

-Имено, со новиот ДУП се бришат две згради предвидени за градба на државно земјиште и истите добиваат намена – парковско зеленило.Односно, ако претходниот ДУП планираше две маркица за објекти за домување – А2 (П+5+ПК и П+6+ПК) денеска парцелите добиваат намена Д1 – парковско зеленило.

Исто така, со новиот ДУП кој денеска е пред советниците се бришат уште две маркици во истиот блок за згради – објекти за домување (П+7+ПК и П+7) и истите добиваат намена В1 – државни институции (П+6).Со ваквата интервенција драстично се намалува површината за домување во станбени згради (А2), а се зголемува зеленилото (Д1). Стариот ДУП предвидувал 65.608 м2 – бруто развиена површина за градење, а новиот ДУП 31.000 м2. Исто така, со новиот ДУП се предвидува 5.080 м2 да бидат наменети за Д1 (парковско зеленило), а стариот ДУП предвидувал само 487 м2 за зелен појас.

Објектот кој е предвиден за државни институции и е во висина од 32 метри, ќе биде за потребите на Институтот за социолошки и политички истражувања, Академијата за судии и јавни обвинители, Заводот за урбанизам, како и други институции. Оттука, целосно е лажна информацијата дека ќе се гради објект за домување од 32 метри.Новиот ДУП презема две маркици за згради од стариот ДУП (А2 – П+5+ПК и А2 – П+6+ПК). Според овие факти, неточна е информацијата дека општина Карпош вцртува нови објекти за домување. Напротив, локалната самоуправа направи сериозни напори и успеа да избрише четири маркици за изградба на згради. Две добиваат намена парк, а две маркици ќе бидат со намена за државни институции.За овој ДУП, помината е и јавна анкета, како и јавна презентација, како процеси кои обезбедуваат граѓанско учество при нивно донесување, соопштија од општина Карпош.

Слични содржини