333
Стручен соработник во Основниот кривичен суд во Скопје, пред почетокот на рочиштето за случајот „Плацеви на Водно“ во кое првообвинет е пребеганиот поранешен премиер Никола Груевски, ги инфомира присутните дека судењето ќе се одложи поради тоа што јавната обвинителка Лиле Стефанова, ќе се тестира за ковид-19.
Во случајот познат како „Плацеви на Водно“, покрај Груевски и Новачевски, Обвинителството ги сомничи и поранешниот шеф на македонското разузнавање, Сашо Мијалков, бизнисменот Јордан Камчев и неговата мајка Ратка Камчева.
Следното рочиште за предметот „Плацеви на Водно“, според календарот за Судот, е закажано за 2 септември.