Поради зголемувањето на бројот на заразени со вирусот корона, Советот на Европската унија ги отстрани Црна Гора, Северна Македонија и Косово од списокот на земји и територии чии граѓани можат да одат на необврзувачки патувања во ЕУ.
САД, Израел и Либан исто така се отстранети од ажурираната „зелена листа“.
Новата листа е направена по ревизијата, во согласност со препораката за постепено укинување на привремените ограничувања за патувања што не се неопходни во ЕУ, објави Советот на ЕУ.
Советот на Европската унија ја ажурираше листата на земји, специјални административни региони и други субјекти на кои треба да им се ограничи патувањето.
Необврувачките патување во ЕУ од земји или ентитети што не се наведени во Анекс I, подлежат на привремени ограничувања за патување.
Ова не е во спротивност со можноста земјите -членки да го укинат привременото ограничување за изборно патување во ЕУ за целосно вакцинирани патници.
Како што е наведено во препораката на Советот на ЕУ, оваа листа ќе продолжи да се ревидира и ажурира.
Потсетуваме дека Европската унија повторно воведува забрана за влез за патници од САД и пет други земји.