Првата група граѓани од Авганистан ќе бидат дочекани од МНР Османи, заменикот амбасадор на САД во земјава и советници на кабинетот на премиерот Заев.
Вечерва се очекува да пристигнат 149 граѓани на Авганистан, како дел од 780 кои ќе бидат згрижени во земјава отако САД и сојузниците се повлекоа од Авганистан, а власата ја преземаа талибанците.
Точното време на пристигнување не прецизирано.
-На скопскиот аеродром ќе бидат прифатени од МНР, МВР, Црвениот Крст, Министерството за здравство и меѓународните организации, додаваат од владата.
Во земјава на бегалците ќе им се обезбеди сместување, лекарски прегелди и ковид тестирање и вакцинирање. Воедно ќе добијат статус на времен престој, најмногу до 90 денови.
Од владата вечерва соопштија дека Црвениот Крст ќе биде првиот контакт за граѓаните кои пристигнуваат од Авганистан.
Од „Илинденска бб“ праќаат пораки за топло добредојде, солидарност и поддршка за спасување живот.