Мареј бесен на Циципас: „Никогаш во животот не ми требало толку време во тоалет!“

од Vladimir Zorba
426 прегледи

Грчкиот тенисер, Стефанос Циципас, по големи маки, успеа да го победи некогаш првиот светски играч, Енди Мареј на УС Опен. Мечот од првото коло траеше речиси пет часа, а за тоа придонесе скоро десетминутната пауза што грчкиот тенисер ја направи помеѓу четвртиот и петтиот сет, што потсети на скандалот на последниот турнир во Синсинати, каде што го направи истото.

Тогаш „жртва“ беше Александар Зверев, кој истакна дека Циципас го зел телефонот со себе во тоалет, за да се допишува со својот тренер и да мами, а најновите настани не се баш во корист на грчкиот тенисер. Тој повторно помина 10 минути во тоалетот на средбата со Мареј, што предизвика револт кај Енди и големо незадоволство на публиката.

Британецот беше толку лут што во текот на целиот петти сет викаше како Циципас мами и добива совет од тренерот.

– Никогаш во животот не ми требало толку време во тоалет! Никогаш! – Мареј викаше по судијата и надзорник Гери Армстронг, кој не можеше ништо да промени, бидејќи нема ставки во правилата што би ги казниле тенисерите кои ги злоупотребуваат паузите.

Циципас имаше право на пауза, но не толку. На крајот, тоа му донесе победа, а на прес -конференцијата, Мареј беше малку постуден.

– Изгубив. Секоја почит кон него – рече Мареј.

Слични содржини