Најголема смртност од ковид-19 се регистрира кај лицата над 60 години, и кај нив 73 отсто се лица со хронични болести, вели министерот за здравство Венко Филипче.
-Од смртни случаи најголем број се над 70 години, а тие пациенти имаат и хронични заболувања, дијабет, кардиоваскуларен систем, болести на белите дробови.Се забележува дека долго се лекуваат надвор од болнички услови и доаѓаат доцна со лоша клиничка слика и лоша сатурација. Не е вистина дека пациентите не се лекуваат по протокол. Во секоја установа има протокол, препорака, терапија, индикација за терапијата. Нема унифициран пристап никаде, секаде има препораки во зависност од тежината на клиничката слика, “вели Филипче
За смртноста на помлади пациенти, Филипче кажа дека тие лица не се невакцинирани, и повтори за случајот од 28 август кога пациент на 24 години на своја одговорност ја напушти болницата во Ресен и почина. Мал е бројот на починати, а вакцинирани лица, додаде тој.