Османи: Локалните власти во Грција не покажуваат ентузијазам за промена на таблите

од Берта Китинска
333 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи по средбата со неговиот грчки колега Никос Дендијас во Скопје рече дека меѓудругото се разговарало и за имплементацијата на Преспанскиот договор во рамки на сообраќајните знаци во Грција.

За промената на таблите, Дендијас ја префрлил вината на локалните власти.

-Локалните власти во Грција не покажуваат ентузијазам за промена на таблите, но очекуваме во наредниот период да има решение за тоа. Што се однесува до меморандумите, тоа е техничко прашање за начинот на работа во грчкиот парламент и тие ќе ги усвојат во моментот кога ќе оценат дека е најсоодветно, изјави Османи.

Слични содржини