ДС: Настава со физичко присуство приоритет

од Берта Китинска
216 прегледи

Демократскиот сојуз смета дека треба да се подржи одлуката за физичко присуство на учениците за следење на наставата. Вакви препораки доаѓаат и од Светската здравствена организација и бројни други образовни асоцијации и врвни експерти.

-Се залагаме за доследно почитување на здравствените протоколи, поддршка на мерките и од родителите, вакцинирање на возрасните и следење на епидемиолошката состојба.Инаку кога беше онлајн наставата се “протестираше” за физичко присуство, сега кога се одлучи за физичко присуство, се “протестира” за онлајн настава, ова покажува дека некој здравствената криза ја користи за манипулации и злоупотреба на децата за политички цели.Демократскиот сојуз ги повикува сите граѓани да се вакцинираат, се со цел да се стекнеме со колективен имунитет и да се намалат можностите за инфицирање од вирусот Ковид-19 и тешките последици од истиот, соопштија од ДС.

Слични содржини