Едуардо Камаванига официјално стана нов играч на Реал Мадрид.
Поранешниот фудбалер на Рен потпиша договор за шест сезони во трансфер вреден 31 милион евра, кој со бонуси може да порасне на 40 милиони.
На „Новиот Погба“ како што го нарекуваат Камавинга, му истекува договорот со Рен следната сезона, па клубот беше принуден да го продаде ова лето. Младиот Французин нема да се врати на позајмица бидејќи Карло Анчелоти смета на него.
Тој исто така беше голема желба на ПСЖ, но на крајот Реал Мадрид беше побрз и поконкретен.
🤍 #WelcomeCamavinga 🤍
👉 @Camavinga pic.twitter.com/qECpcYxw0F— Real Madrid C.F. (@realmadrid) August 31, 2021