Левица денес го објави името на својот кандидат за градоначалник во општина Карпош. Според партијата, тие ќе „трчаат“ во скопската општина со Дарко Ристовски.
-Дарко Ристовски (42 години), роден во Скопје, Карпош, м.з. Тафталиџе 2, е дипломиран информатичар на ПМФ Информатика, со над 19 години работно искуство во полето на ИТ индустријата како инструктор за напредни мрежни технологии и оперативни системи, проектен лидер на голем број проекти во Македонија и во странство. Коосновач е и на граѓанската иницијатива ГО САКАМ ВОДНО. Женет и вљубен во прекрасна личност и горд татко на три деца.
Неговата борба е насочена кон ослободување и демократизација на локалната самоуправа, вклучување на граѓаните и локалните активисти во процесот на креирање политики и проекти на општината, системска борба против урбаната мафија преку ревизија на сите спорни ДУП-ови, како и забрана за продажба на државно/општинско земјиште, зазеленување на општината и враќање на сјајот на Карпош кој сите ние го носиме во срце, објави од партијата.
Лидерот на партијата и пратеник, Димитар Апасиев е исто така задоволен од изборот што го направила Левица.
-Дарко за КАРПОШ, напиша Апасиев на Фејсбук.