25 независни кандидати во трка за градоначалници на локалните избори

од Берта Китинска
321 прегледи

Потребниот број потписи за независни кандидатури за претстојните локални избори на 17 октомври собрале 25 независени кандидати за градоначалник, како и 57 групи избирачи за советнички листи.

Според Државната изборна комисија, независни кандидати за градоначаници ќе има во општините Кичево, Чучер Сандево, Росоман, Македонска Каменица, Македонски Брод, Кратово, Охрид, Прилеп, Радовиш, Свети Николе, Брвеница, Илинден, Битола, Врапчиште, Лозово, Гевгелија, Пехчево, Богданци, Куманово и за Град Скопје.

Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија потребните потписи, не успеале да ги собираат 12 кандидати за градоначалници и 13 групи избирачи за кадидатските листи за членови на оштинските совети.

Листите на кандидати за локалните избори се поднесуваат до општинските изборни комисии од страна на овластените предлагачи, а крајниот рок за нивно поднесување е 11 септември до 24 часот.

Слични содржини