Кандидатите се докажани кадри, угледни и препознаени во нивните средини, дел од нив ќе ја имаат честа да се борат за втор мандат, но една третина се нови лица кои досега немале можност да учествуваат во локалната власта, но се докажале во своите сфери на делување.Ова е најдобрата понуда што СДСМ ја нуди за секоја од овие 69 општини каде ќе настапиме со свој кандидат за градоначалник, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
-Во останатите општини ќе поддржиме кандидат на нашите опозициски партии, но ќе имаме свои советнички листи во сите 80 општини и Град Скопје што нè прави единствена партија која ќе излезе со своја понуда во сите општини.СДСМ и коалицијата одат по нова победа, победа за да продолжи напредокот на општините, да продолжат локалниот и регионален развој, да продолжи унапредувањето на квалитетот на живот во секое населено место, вели Кузеска.
https://www.youtube.com/watch?v=XjRvmH2uz9w