Повеќе од 4,51 милиони луѓе починаа од коронавирус во светот

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Најмалку четири милиони и 518.163 луѓе починаа од коронавирусот во светот, додека повеќе од 217 милиони и 629.220 се заразени, објави денеска агенцијата Франс прес.

Бројот на официјално заразени не го одразува вистинскиот број, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребен болнички третман.

Соединетите држави се најтешко погодени со 640.108 смртни случаи и 39.198.268 заразени.

По Соединетите држави, најранливи земји се Бразил со 580.413 смртни случаи и 20.776.870 случаи, Индија со 439.020 смртни случаи (32.810.845 случаи), Мексико со 259.326 смртни случаи (3.352.410 случаи) и Перу со 198.295 смртни случаи (2.150.006 случаи).

Меѓу најтешко погодените земји, Перу има најмногу смртни случаи во однос на населението, 601 на 100.000 жители. Потоа следуваат Унгарија (311), БиХ (299), Северна Македонија (285), Чешка (284) и Црна Гора (274).

Латинска Америка и Карибите имаат 1,439,815 смртни случаи (43,267,940 заразени), Европа 1,250,797 смртни случаи (63,211,899 заразени), Азија 780,056 смртни случаи (50,246,141 заразени), САД и Канада 667,032 смртни случаи (40,695,535 заразени), Африка 196,249 смртни случаи (7,797) Блискиот Исток 182.494 смртни случаи (12.295.204 заразени) и Океанија 1.720 смртни случаи (121.638 заразени).

Франс прес прави дневен биланс врз основа на државните податоци од земјите во светот и информациите од Светската здравствена организација.

Слични содржини