На првиот ден од учебната година, наместо да им честитаат на учениците и наставниците и да им посакаат успех во наставниот процес, од ВМРО-ДПМНЕ тераат дневна политика манипулирајќи ја јавноста, реагираат од СДСМ на прес-конференција на најголемата опозициска партија.
Според нив, очигледно е дека во опозициската партија знаат само да наштетуваат на се што е во интерес на граѓаните.
-Училиштата ги имаат сите ресурси за започнување на настава со физичко присуство, а настава со физичко присуство се препорака и на Светската здравствена организација и УНИЦЕФ. ВМРО-ДПМНЕ за жал, и натаму останува на спротивната страна од интересите на граѓаните, интересите на наставниците и учениците, велат од владеачката партија.
Претходно пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска изјави дека „иако имаше на располагање речиси три месеци, Царовска не успеа да обезбеди ниту учебници, па денес реалната ситуација ни покажува дека поради ваквата неспособност на министерката“.
-Од еден учебник ќе учат две деца, а ова е особено трагично бидејќи во услови на пандемија на КОВИД 19, наводно декларираните протоколи за заштита од пандемијата се всушност осило на зараза во која ризикот и опасностите се директно врз плеќите на нашите деца и на наставниците и професорите кои се фрлени во една апокалиптична безизлезна ситуација, вели Василевска.