Крај за последниот шампион на Ферари: Се пензионира Кими Раиконен

од Nikola Popovski
527 прегледи

Легендарниот возач на Формула 1, Кими Раиконен, објави дека ќе се пензионира на крајот од оваа сезона.

Информацијата беше пренесена и од Формула 1 во средата вечерта, а Раиконен веќе дваесет години е во „најбрзиот циркус на светот“.

Почна како возач на Заубер, потоа Мекларен, а возеше и за Лотус, Ферари во два наврати, a оттаму дојде до Алфа Ромео пред три години.

„Тоа би било тоа. Ова е мојата последна сезона во Формула 1. Ова е одлука што ја донесов минатата зима. Воопшто не беше лесно, но мислам дека по оваа сезона е време за некои други работи “, рече Раиконен.

Со Ферари, славниот Финец, познат под прекарот „Леденiot човек“, ја освои последната титула во Формула 1 за славниот италијански тим.

Тоа беше уште во далечната 2007 година, по што Ред Бул и Мерцедес ја започнаа својата доминација и не се откажаа од неа до денес.

„Иако оваа сезона се уште трае, би сакал да им се заблагодарам на моето семејство, на сите тимови за кои возев, на сите што одиграа улога во мојата тркачка кариера, а особено на големите навивачи кои ме поддржуваа цело ова време. Можеби за мене ова е крајот на Формула 1, но има многу работи што сакам да ги искусам и да уживам. Се гледаме“, напиша Раиконен.

Слични содржини