Aктивен пожарот на Галичица, слушнати околу 20 експлозии на мини гранати од Прва светска војна

од Берта Китинска
367 прегледи

Пожарот од Албанија премина на територијата на Македонија. Карактеристично за овој пожар е тоа што во овие четири дена се слушнати околу 20тина експлозии коишто се предизвикани од неексплодирани мини – гранати, остатоци, најверојатно од Првата светска војна, бидејќи на овој потег се наоѓал и дел од Фронтот, инфомираше Вчера првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

-Овие гранати ја загрозуваат безбедноста и на воздухопловите, но и на лицата коишто би учествувале во гаснењето на пожарот поради што состојбата е исклучително вклучителна. Во овој момент гори само сува трева и ниска вегетација и во зависност од правецот на ветрот, кој повремено се менува, овој пожар не се движи брзо кон пошумениот дел, односно во насока на Охридското и Преспанското езеро, рече Ангелов, додавајќи дека пожарот не е сериозен, но е најкритичен.

Слични содржини