Гордон Ремзи откри како совршено се готват тестенини

од Vladimir Zorba
331 прегледи

Еден од најпознатите готвачи во светот, Гордон Ремзи ги сподели своите основни трикови за готвење, вклучувајќи трик за совршена подготовка на тестенини.

Иако повеќето луѓе вкусуваат тестенини во интервали за да видат дали се доволно сварени, овој славен готвач има подобар трик, пренесe mirror.co.uk.

Готвењето го започнува со ставање вода во тенџере, и секогаш користи поголемo за да направи тестенините рамномерно да се сварат. Додадете неколку прстофат сол (малку поголема количина) и дарежлива количина масло во водата за да не се залепат тестенините. Тој забележува дека е потребно да се почека водата да зоврие бидејќи ги меша тестенините во тенџерето.

Ако користите подолги тестенини, како што се шпагети, тој советува прво да го ставите едниот крај во тенџерето, да почекате да омекне, а потоа да го натопите целиот за да може и другиот крај да се свари. Поставете го тајмерот колку пишува на пакетот тестенини, и кога е време, извадете едно парче и веќе ќе чувствувате под прстите дали е доволно зготвено. „Цврсто е под прстите, но зготвено. Треба да биде „ал денте“, така што не е премногу тврдо, не крцкаво, но не и блунтаво“.

Исцедете ги тестенините, додајте уште малку сол, малку бибер и лажица маслиново масло. Измешајте се добро,

Слични содржини