382
Претседателот на Здружението на германски лекари, Андреас Гасен, произнесе интересна информација, дека пандемијата на коронавирус ќе заврши следната година во пролетните месеци.
– Поаѓам од фактот дека во пролетта 2022 година, короната ќе заврши – изјави тој за германскиот дневен весник „Рајнише пост“ и додаде дека верува дека тогаш животот повторно ќе се нормализира.
Тоа мислење, вели Гасен, го застапуваат и познати научници.
Тој објаснува дека неговата прогноза се потпира на фактот дека стапката на вакцинација ќе се зголеми, а бројот на излекувани лица со антитела ќе биде поголем.
„Оние кои не се вакцинирани во наредните месеци ќе бидат заразени со корона“, рече Гасен.