Грција им даде нова шанса на медицинските лица за да се вакцинираат

од Nikola Popovski
377 прегледи

Грција денеска им понуди на невакцинираните здравствени работници уште една шанса да се вакцинираат против Ковид-19, а на суспендираните им понуди да се вратат на работа, откако стотици медицински лица протестираа против задолжителната вакцинација.

Грција суспендираше речиси 6.000 медицински работници од работа, кои не го исполниле владиното барање да примат барем една доза од вакцината до 1 септември, изјави владин претставник за Ројтерс.

Стотици медицински лица излегоа денеска на улиците на Атина и другите грчки градови, по вторпат за помалку од еден месец да се бунтуваат против новите правила.

Синдикатот на здравствени работници рече дека „може да бидат суспендирани околу 10.000 невакцинирани работници, што ќе го наруши редовното работење и прегледи во болниците низ Грција, кои немаат доволно кадар, во време кога бројот на инфекции е висок и се очекува да се зголеми“.

Владата најави дека ќе ја укине суспензијата за медицинските лица и ќе ги врати на работа веднаш, штом ќе ја добијат првата доза, а од клучно значење е тие повторно да се вакцинираат.

„Задолжителната вакцинација на медицинските лица е законска и има за цел да го обезбеди јавното здравје“, рече министерот за здравство Танос Плеврис.

Околу 53% од населението во Грција е ревакцинирано, а властите се надеваат дека тој број ќе достигне 70% до есен.

Денес, 2.840 нови случаи на корона се регистрирани во Грција, а 33 пациенти починаа, потсетува Ројтерс.