Дарио ќе го живее американскиот сон: Првото куче од „Лајка“ што се вдомува прекуокеански

од Nikola Popovski
374 прегледи

Заловен од скопските улица, во населбата Новоселски пат, со трајно оштетување на окото и малтретирано од локалните жители, Дарио од денеска го живее американскиот сон, објавија од ЈП „Лајка“.

Според него, по повеќе од три месеци поминати во „Лајка”, и по долга и напорна работа, Дарио на 2 септември 2021 година се збогуваше со сите нивни вработен и подготвен е за патот од 16 часа, преку Виена до Чикаго.

-Дарио, кој има две години, е првото куче од „Лајка” што патува надвор од земјава и се вдомува прекуокеански, согласно сите законски процедури за транспорт на кучиња. Тој сега ужива кај новото семејство, носејќи го околу вратот плочка на која пишува „Дарио – те сака Лајка”, за никогаш да не заборави со каква љубов беше чуван сите овие месеци, велат од Лајка.

Од таму се надеваат дека во иднина многу други кучиња заловени од скопските улици ќе ја доживеат неговата судбина и ќе најдат дом надвор од границите на државата, а Лајка ќе ги обезбеди сите услови за нивно патување и наоѓање лица кои ќе им пружат живот каков што заслужуваат.

Видеото погледнете го ОВДЕ.

 

Слични содржини