Мојата идеолошка матрица не можам да ја променам, но секогаш и кога сум во позиција или во опозиција, јас сум во опозиција, изјави кандидатката за градоначалник на Кисела Вода, Ѓулистана Марковска, која ја доби поддршката на ДОМ и ЛДП.
Според поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ќе сфатат затоа што секогаш има работи со кои што се согласувате или не се согласувате, без оглед дали сте партија на власт или во опозиција.
-Двигачките луѓе не ги сакаат многу, но мора има такви за општеството да иде напред. Својата шанса ја видов во опцијата со ДОМ и ЛДП. Ќе бидат граѓански кандидати, но прифаќајки ги основните начела и програмски цели на партиите, вели Марковска, додавајќи дека немала контакти со ВМРО-ДПМНЕ, околу кандидатура со нивна поддршка.