Филипче: Пациентот на кој му беше трансплантирано срце од денес е пуштен на домашно лекување

од Nikola Popovski
581 прегледи

Пациентот на кој минатата среда му беше трансплантирано срце од денес е пуштен на домашно лекување, информираше вечерва министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој додаде дека само седум дена по операцијата тој се чувствува одлично.

-Уште еднаш изразувам голема благодарност до семејството кое прифати да се донираат органите од нивниот близок. Ова е петто трансплантирано срце за година и половина и четврто од почетокот на годината. За истиот период се трансплантирани 15 бубрези, а направена е и првата експлантација и трансплантација на коскени ткива, стои во објавата на министерот.

Слични содржини