МВР: 36 санкции за брзо возење во Скопје, 16 возеле без дозвола

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 16 за возење без возачка дозвола, три за управување под дејство на алкохол, 8 за користење мобилен телефон, 9 за некористиње на сигурносен појас, две за минување на црвено светло, 7 за нерегистрирани и технички неисправни возила и 37 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Слични содржини