„На 03.09.2021 во 14.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека во село Лескоец на место викано „Горно Трно” било пронајдено починато машко лице на возраст од околу 75-80 години. Од страна на лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирана била смрт, без видливи траги на насилство. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид“, информират од МВР.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција“, се наведува во полицискиот билтен.