334
Осудениот на 3 години затвор во случајот “Рекет”, Зоран Милески Кичеец е еден од учесниците во сообраќајната несреќа на Стража.
Директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќуља, за МИА изјави дека осудениот Зоран Милески Кичеец, на негово барање, бил на прекин на казната од 11 август до 11 септември поради болест на неговата мајка.
Едно лице загина а седуммина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што попладево се случи на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Новоселските гробишта.