Бен Симонс одлучи да ја напушти Филаделфија и никакви закани или казни не ја менуваат неговата одлука.
Австралискиот кошаркар одлучи да го прекине контактот со сите во клубот. Тој одби да тренира со тимот, не одговора на телефон, и како што известува Брајан Виндхорст, новинар на ЕСПН, плејмејкерот е подготвен да плати 1,3 милиони долари казна за неговото однесување.
„Ми рекоа дека Бен Симонс нема проблем со тоа, ќе плати да не тренира со тимот“, рече Виндхорст.
Симонс игра како плејмејкер откако дојде во НБА лигата (тој беше првиот пик на НБА драфтот во 2016 година), иако е критикуван поради тоа што неговиот удар од далечина е исклучително лош.
Сепак, тој се смета за еден од најдобрите дефанзивци на позицијата плејмејкер, а приказните стануваат се погласни дека може да се пресели во редовите на Минесота Тимбервулфс.
Тој двапати беше во најдобриот одбранбен тим во НБА, а трипати беше дел од Ол-стар натпреварот.