Салах бара големо покачување во Ливерпул за да потпише нов договор

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах побара од клубот годишна плата од 28 милиони евра за да потпише нов договор.

Договорот на Салах истекува за две години, а според него, тој добива по 11 милиони евра годишно. Со него, тој е вториот најплатен фудбалер на „црвените“, зад Вирџил ван Дајк.

Британските медиуми објавија дека египетскиот напаѓач сака значително зголемување на платата, во спротивно нема да го продолжи договорот со клубот со кој ја освои Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Во 2017 година, Салах се пресели од Рома во Ливерпул, за кој одигра 206 натпревари и постигна 127 голови.

Слични содржини