Груби: Корупцијата e пострашен вирус од КОВИД

од Берта Китинска
199 прегледи

Корупцијата е нашиот најголем непријател и закана за растот на сите економии, општества и демократии. Го поткопува кредибилитетот на институциите и процесите. Се работи за уште пострашен вирус од КОВИД кога станува збор за закрепнувањето, растот и развојот на економијата, рече денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Тој напомена дека мора да се гради клима на личен и институционален интегритет, етичко однесување на лично и институционално ниво.

-Но, без одржливо владеење на правото не можеме да имаме кредибилни институции и доверба на јавноста кон системот. Некредибилни институции значат недостиг на јавна доверба што доведува до селективна и корумпирана правда, а тогаш немаме стабилни инвестиции, стабилна бизнис клима. Тоа доведува до замена на правниот систем, на најлесниот начин – мито, да се заврши работата, рече првиот вицепремиер.