302
САД ќе продолжат со притисок врз Бугарија, затоа што во Скопје веруваат дека тие се стратешки партнери, но исто така треба да се знае дека тие се партнери и на Бугарија, вели поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев за емисијата „360 степени“.
Тој информира дека Бугарија за милијарди долари купила американски авиони и направила гасоводи за исто така милијарди, за американскиот гасовод да може да стигне во Европа.
-Само со притисок од САД или ЕУ, С. Македонија наидува на разбирање, а од каде Бугарија добива јасни сигнали дека треба да се постигне решение. Лидерите во Скопје треба да разберат дека нема да се постигне решение со притисок. Го немаше со Грција, ќе го нема ни со Бугарија, укажува Плевнелиев.