Темелковски: Ние како политичари треба да ги кажуваме вистините, да бидеме одговорни

од Берта Китинска
321 прегледи

Во изминатите 4 години дел од работите од објективни причини не ги завршивме, вели Филип Темелковски, актуелен градоначалник на општина Кисела Вода во Студио 10 на ТВ24.

– На општината и е беше потребен простор  за да се сместени сите општествени добра како што е градинка, поликлиник,средно училиште токму во Расадник..Имавме ветено две градинки, едната во Драчево ја направивме, самиот детален план за Расадник е над 100 хектари. Дополнително  планот кој се правел во 2012 година не ја зел во предвид индустријата. Малку беа 4 години да се донесе ДУП на Расадник. Ние како политичари треба да ги кажуваме вистините, да бидеме одговорни. Земјиштето во Расадник околу 40% е приватна сопственост. Ние сега немаме средства за да го откупиме тој простор. Треба да ги зголемиме даноците, што би било на штета на граѓаните. Таму ќе има станбен дел, но има и голем општествен дел,  објасни Темелковски.

Слични содржини