Министерот за економија Крешник Бектеши денеска заедно со претседателот на државата Стево Пендаровски, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, министерот Бесими, Нуредини и други колеги министри, претставници од различни земји, како и претставници од бизнис секторот учествуваше во првата годишна конференција организирана од страна на Министерството за финансии во рамките на Економски и финансиски форум на тема„ Економско закрепнување и раст по Ковид “.
Бектеши нагласи дека во оваа време на криза е многу важно организацијата на вакви настани каде отворено може да се дискутира за сите последици врз економијата. Во првиот дел на панелот Бектеши ги објасни плановите за охрабрување на инвестицци во енергетскиот сектор.
“Како Влада работиме што е можно по напорно за брзо и успешно закрепнување но и за исполнување на потребите на граѓаните и на деловната заедница што во вакви услови на криза се уште поважни за нас. Министерството за економија во енергетскиот сектор веќе изнајде огромни реформи кои се усогласени од аспект на законодавството со “АКИ”, со законодавството на ЕУ и директивите. Kризите можат да значат и шанса и можност особено за земјите кои што се во развојна фаза така што изнајдовме неколку можности директно сме инволвирани со приватниот сектор за стимулирање на нови инвестиции особено фотоволтаични ветерници и така натаму, кажа Бектеши.
Бектеши понатаму во панелот нагласи дека енергетскиот сектор е многу важен сектор и дека Северна Македонија ќе стане транзитна земја што се однесува до транспорт на природен гас.
“До крајот на годината во нашата земја ќе имаме можност да имаме повеќе од сто и триесет мегавати фотоволтаична енергија што беше доста ограничено со предходниот тарифен модел не повеќе од осумнаесет мегавати капацитет со оглед на тоа што Северна Македонија има огромен капацитет во овој сектор така што го искористуваме сиот наш капацитет. Северна Македонија ќе стане транзитна земја што се однесува до транспорт на природен гас не само во Западен Балкан туку се надеваме во блиска иднина и надвор од границите на Западен Балкан. Го усвоивме новиот Закон за енергетска ефикасност, стратегија за животна средина заедно со Министерството за животна средина и предвидовме неколку мерки во однос на квалитетот на градежништвото со цел да се намали потрошувачката на електрична енергија во Северна Македонија и сметаме дека со тоа може да ја постигнеме целта да го трансформираме енергетскиот сектор до 2027-та година што е во усогласност со агендата на Владата но истовремено и со агендата на Европската Унија.”
Бектеши кажа дека панедмијата влијаела негативно врз туризмот но истовремено овој сектор беше најподржен сектор од страна на Владата.
“Туризмот навистина претрпе удар, не беше тоа само во Северна Македонија туку и на глобално ниво но важно е да се подвлече дека заедно со Стопанските комори и сите засегнати страни во Мкедонија имајќи ги предвид сите економски мерки и пакети што ги обезбедивме за подршка на економијата дека туризмот беше најподржен сектор во Северна Македонија дури и за една земја која има ограничени капацитети во однос на привлекување на туристи. Работиме на неколку сегменти во туризмот со цел подобрување прво на инфраструктурата, да се прошири и понудата во однос на авионски летови, да имаме повеќе тур оператори на мапата така што немаме национален пристап за развојот на туризмот но сакаме да имаме регионален пристап имајќи предвиде дека сме мала земја, комуницираме со нашите соседи со цел да имаме една заедничка понуда посебно за далечките земји.Научивме многу од пандемијата кога се работи за дигитализацијата во туристичкиот сектор не само во делот промоција туку и обезбедување подобри услуги за туристите во насока на тоа да добијат една подобра слика за Македонија и за целиот регион, кажа Бектеши.
Бектеши нагласи дека ги исполнивме сите критериуми во однос на добивање на безбеден печат дека Северна Македонија е на мапата на безбедни земји за пост ковид периодот што е многу важно за привлекување на туристи.