Короната не попушта: 32 починати, најмладиот имал 33 години

од Nikola Popovski
232 прегледи

Според најновата ковид-статистика, пријавени се 32 починати лица во земјава.

Бројките на Министерството за здравство покажуваат 9 починати лица од Скопје (88г, 78г, 71г, 69г, 68г, 66г, 61г, 53г и 42г), 4 починати лица од Куманово (84г, 70г, 63г, 58г), по 3 починати лица од Гостивар (71г, 71г и 41г) и Тетово (88г, 82г и 82г), по 2 починати лица од Велес (80г и 72г), Свети Николе (73г и 53г) и Штип (56г и 33г) и по едно починато лице од Кичево (75г), Охрид (62г), Струга (80г), Дебар (83г), Струмица (70г), Прилеп (65г) и Македонски Брод (61г).

Од пријавените 28 се починати во болнички услови и 4 се починати во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.919, бројката на оздравени пациенти е 160.396, на починати е 6.129, а бројот на активни случаи изнесува 14.394.

Слични содржини