ЗАТВОРЕНИ УЛИЦИ ВО СКОПЈЕ: Посебен сообраќаен режим во центарот

од Берта Китинска
286 прегледи

Поради најавени два протести во Скопје денеска од 10:30 часот етапно ќе бидат затворени за сообраќај  бул. „Гоце Делчев”  на потег од ул. „Беласица” кон бул.„Илинден“ и бул.„Илинден” на потег од бул.„Гоце Делчев” до бул.„Климент Охридски”.

Почнувајќи од 13:30 од плоштад „Скендербег“ до канцеларијата на ЕУ, етапно ќе бидат затворени за сообраќај булеварите „Гоце Делчев”, „Илинден” и „Климент Охридски”.

Полицијата апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници како и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста, во централното градско подрачје на град Скопје почнувајќи од 11:00 часот затворени за сообраќај ќе бидат улиците „11-ти Октомври“ и „Димитрие Чупоски“ во еден правец, а од 15:00 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци.

До завршување на настанот затворени за сообраќај ќе бидат уште:

– бул. „Кочо Рацин“ на потегот од крстосницата со бул. „Кузман Јосифовски Питу“ до ул. „Кирил и Методиј“,
– ул. „Филип Втори“ на потегот од бул. „Гоце Делчев“ до ул. „11–ти Октомври“,
– кеј „13–ти Ноември“ на потегот од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“,
– ул. „Мирче Ацев“ на потегот од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“,
– ул. „Димитрија Чуповски“ на потегот од порта Македонија до бул. „Климент Охридски“,
– ул. „Даме Груев“ од крстосницата со ул. „Македонија“ до ул. „11-ти Октомври“.