Државниот пазарен инспекторат го затвори „Интермецо“

од Берта Китинска
310 прегледи

Државниот пазарен инспекторат синоќа го затвори кафулето „Интермецо“ во скопската населба Капиштец, додека имало журка со диџејот Роџер Санчез.

Утврдено било дека не се почитуваат протоколите, односно дека во локалот после 22 часот се направила голема гужва.

Согласно последните владини мерки ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови имаат забрана за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи.

Влезот за гостите е исклучиво со потврда за имунизација која треба да ја провери редар во објектот доколку има капацитет над 30 гости.

Слични содржини