Нека ни е честита 30-годишнината од независноста на нашата заедничка држава!На денешен ден, пред 30 години, се оствари сонот на сите генерации кои се бореа и гинеа за нашата слобода. Македонската државност е беа сомнение нашето најголемо заедничко историско постигнување, вели во својата честитка претседателот Стево Пендаровски по повод 30 години од независноста на земјата.
-Денес, имаме привилегија да имаме своја, независна држава. Во исто време, имаме и голема одговорност – да вложуваме во неа за да биде достоен дом за секој од нас. Каква држава ќе изградиме, таква држава ќе имаме.
Нашата најголема вредност, со векови наназад е традицијата на почитување на различностите. Северна Македонија, може да напредува, само, ако сите нејзини граѓани ја чувствуваат како своја татковина.Нашето подобро утре зависи и од интеграциите во важните меѓународни организации. Како мала држава, во денешниот глобален и немирен свет, не можеме да опстоиме без сојузници и пријатели. Интеграциските процеси беа, и сеуште се, и мотив и средство за постигнување на внатрешна кохезија и за достигнување на највисоките европски вредности, вели Пендаровски.