Се судрија трактор и мотоцикл, момче и девојка пренесени во болница

од Берта Китинска
180 прегледи

„На 07.09.2021 околу 19:40 часот на пат помеѓу село Пирава и село Јосифово на место викано „Пиравски плантажи“ – Валандово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „фергусон„ без регистарски ознаки, управуван од 81-годишниот Н.Т. од Валандово, и моторцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки управуван од 24-годишниот В.М. од село Рабово, а на кој се превезувала и 17 годишна малолетничка од село Јосифово. По несреќата В.М. и малолетничката се пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Валандово“, соопшти МВР.