Македонија вечерва одигра 0:0 со Романија и тоа беше трето реми во третиот натпревар за Благоја Милевски во овој квалификациски циклус.
-Македонија нема одиграно подобар фудбал без разлика на реализацијата. Немам замерка на ниту еден фудбалер, бидјеќи момците не само што дадоа максимум туку и одиграа одличен фудбал. Има уште четири натпревари до крај. Во оваа група до последниот натпревар нема да се знае кој ќе биде втор. Мислам дека секој следен натпревар треба да ни е најважен, а за тоа како ќе завршат квалификациите до последниот меч со Исланд се надевам дека ќе останем конкурентни. Начинот на кој одигравме не треба да бидеме задоволни од тоа што освоивме само три бода. Мислам дека заслуживме најмалку уште четири бода“, изјави селекторот Благоја Милевски.