Министрите за одбрана на Западен Балкан на конференција во Австрија

од Берта Китинска
164 прегледи

На покана на министерката за одбрана на Австрија, Клаудија Танер, во вторник во Кремс ќе се одржи конференција на министрите за одбрана на земјите од Западен Балкан.

Како што е најавено, министрите за одбрана на Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Албанија ќе присуствуваат на собирот.

Целта на собирот е дополнително зголемување на безбедноста и политичката стабилност на Западен Балкан.

Според Виена, таа стабилност треба да се зајакне преку разговори, и преку регионална и билатерална соработка.