Јас не можам да бидам самиот против себе во една прилика кажав Максим на квадрат заедно со граѓаните, не се работи за лични амбиции, концептот е во прашање. Јас можеби имав осигурана партиска кандидатура, но мојот настап, на прво место се граѓаните, не можам да седам слеп пред случувањата, вели Максим Димитриевски, независен кандидат за градоначалник на Куманово во Студио 10 на ТВ24.
Тој напомена дека имало многу големи разлики помеѓу него и поединци од СДСМ.
-Слушнав голем број на обвинувања дека сум се самоисклучил, не е точно дека јас сум исклучен од СДСМ. Нема да го дозволам ова, но ќе ги почитувам статутарните одлуки. Најрелевантната анкета се граѓаните. Тие ја носат конечната одлука, кажа Димитриевски.