Рот: Наше длабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите од пожарот во Тетово

од Nikola Popovski
285 прегледи

Страшна трагедија во Тетово во СевернаМакедонија. Изразувам наше длабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите кои ги загубија животите. Нашите мисли се со повредените, стои во објавата на Твитер на германскиот министер за Европа, Михаел Рот.

Деновите на жалост ќе траат од денеска до задутре, во тој период знамињата ќе бидат симнати на половина копје, а Владата апелира сите да се откажат од јавни и приватни прослави и настани во овие три дена.

Владата истовремено ги задолжи надлежните да утврдат каков тип на дополнителна помош и поддршка е потребна за семејствата на загинатите и повредените, со цел истата да биде обезбедена во најкраток временски рок.

Слични содржини