358
Министерот за здравство, Венко Филипче попладнево изјави дека од одговорноста за пожарот во ковид-болницата во Тетово не бега и ќе чека да заврши истрагата, по што ќе се произнесе дали ќе поднесе оставка од функцијата.
-Во моментов е потребно менаџирање. После завршувањето на истрагата ќе одлучам дали ќе поднесам оставка. Оставам да ги почекаме официјалните резултати, информира Филипче.
Тој додаде дека болниците во земјава се безбедни.
-Конструкцијата и инсталациите се присутни. Во сертфикатите имаме за огноотпорност и АТС, за секое парче кое таму е вградено. Сите податоци ги имаме во документите и ќе ги доставиме до јавноста, вели министерот.